Три лица загинале, а тројца се ранети во Градачац, потврдија од Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, Босна и Херцеговина.
„Лицето откако било лоцирано и пред да биде лишено од слобода извршило самоубиство“, соопшти Министертвото за внатрешни работи на кантонот Тузла.
Министерот за внатрешни работи на кантонот Тузла, Хајрудин Механовиќ, за РСЕ изјави дека информациите од терен дека Сулејмановиќ извршил самоубиство веројатно се точни, но дека мора да се спроведе истрага за да се потврдат овие наводи.
„Полицијата го пронашла мртов во автомобилот, а акцијата била во тек“, изјави Механовиќ.
Потрагата по лицето што ги изврши убиствата траеше неколку часа. Насилникот објави детали од пукањето во две објави на социјалната мрежа Инстаграм, а овие содржини потоа беа отстранети од социјалната мрежа.
Видете и ова: Почина момче, деветтата жртва на масовното убиство кај МладеновацПретходно ресорното министерство соопшти дека во Градачац имало „употреба на огнено оружје од машко лице, при што, според првичните информации, неколку лица се повредени“.
Сојузното Министерство за внатрешни работи и Федералната полициска управа потврдија дека сите свои капацитети им ги ставиле на располагање на МВР на кантонот Тузла и на надлежното обвинителство.
„Почнувајќи од Специјалната полициска единица на ФБиХ, Центарот за форензички истраги, вештачења и истражувања на ФБиХ, како и инспекторите од Одделот за компјутерски криминал на БиХ“, изјави за РСЕ Ервин Мушиновиќ, шеф на Кабинетот на министерот за внатрешни работи на БиХ.