Зоолошка градина на Град Скопје денеска соопшти дека официјалните резултати од обдукциските наоди покажувале дека сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров.
„Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери“, се вели во денешното соопштение на ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје.
„Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот“, се вели во соопштението.
Видете и ова: Во Зоолошка градина Скопје се роди бебе двогрба камилаИнаку, во два дена угинаа три коњи во скопската Зоолошка градина. Тие беа од редок вид со потекло од Монголија.
Претходно во мај угина и жирафата Каспер за која беше констатирано дека се работи за салмонела.
Пред еден месец скопската Зоолошка градина го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.