Естонија ѝ дава на Украина дополнителна воена помош за нејзината борба против инвазивните руски сили. Воената помош вклучува мало оружје и муниција.
„Мораме да ја поддржиме Украина во нивната борба против континуираната руска агресија“, изјави естонскиот министер за одбрана Хано Певкур.
Видете и ова: Полска испраќа 10 000 војници на границата со Белорусија„Руската Федерација не може да добие ништо од оваа агресија. Затоа, сите што ја поддржуваат Украина мора и да го забрзаат обезбедувањето воена помош, како и да го зголемат капацитетот на нивната одбранбена индустрија“, додаде Певкур.
Певкур рече дека Естонија веќе и дала на Украина воена помош во вредност од над 400 милиони евра, или повеќе од 1 отсто од БДП на балтичката земја.
Руската инвазија врз Украина започна во февруари 2022 година.