Руската војска соборила 13 беспилотни летала, од кои 11 во близина на Крим и два кои летаа во правец на Москва, објавија руските власти ноќта кон средата на 10 август.
Во нападите нема жртви и не е причинета штета, јавува агенцијата Франс прес.
Се вели дека едното беспилотно летало е соборено над Калушката област, југозападно од Москва, а другиот над областа Одинцово, која граничи со главниот град.
„Уништени се два беспилотни летала кои летаа кон градот Москва“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Во близина на градот Севастопол, два беспилотни летала биле соборени од противвоздушна одбрана, додека други девет биле неутрализирани со помош на електронска војна, според истите извори.
Нападите следуваат ден откако Русија соопшти дека соборила два украински борбени беспилотни летала кои се упатиле кон Москва, што претставува најмалку четврти напад во близина на главниот град за една недела.
Видете и ова: Русија соборила два дрона во близина на МоскваРусија претходно соопшти дека соборила беспилотно летало над Калуга во понеделникот, како и седум дронови во регионот минатиот четврток. До серијата напади во изминатите месеци, Москва не беше цел за време на конфликтот во Украина, кој започна пред повеќе од една година, потсетува агенцијата Ројтерс.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец предупреди дека во Русија доаѓа војна и дека „симболичните центри и воените бази“ на земјата ќе станат мети.
Воздушните напади се зголемија откако Киев ја започна контраофанзивата во јуни, иако украинските сили постигнаа скромен напредок на теренот соочени со силниот отпор на московските трупи, наведува агенцијата Франс прес.
„Од другата страна на фронтот, складиште за нафта во украинскиот регион Ривне беше уништен во „масовен напад со беспилотни летала“ рече гувернерот Виталиј Ковал во четврток, додавајќи дека службите за итни случаи и истражителите се на местото на настанот.
Во среда две лица загинаа во напад во градот Запорожје во јужна Украина, додека една жена и една девојка загинаа во гранатирање во регионот на Доњецк.