Екипите на електродистрибуција почнаа со работа во липковското село Слупчане, откако било договорено корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати, информираа денеска, 9 август 2023, претставниците од Општината. Во однос на договорот со жителите од Слупчане, од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе продолжат да важат и понатаму, објави МИА.
Претседателот на советот на општина Липково, Зекрија Шаини, вели дека активностите на терен течат согласно договорот.
„Состојбата беше бурна и луѓето од селото сакаа да знаат што ЕВН ќе работи. Тие се приватна компанија и сакавме да знаеме што конкретно ќе работат како и за сите приватни компании. Половина од селото користат социјална помош и имавме барање долговите да се плаќаат на рати, што важи за сите граѓани во Македонија. ЕВН ќе треба да постави бандери до планот до каде што е селото“, изјави Шаини.
Видете и ова: Неплаќачите на струја условуваат, институциите мируваатВо однос на барањето да се плаќа по 3.000 без разлика на потрошувачката, тој кажа дека во тоа препукување преку медиумите со некои луѓе од ЕВН, дел од барањата на слупчанци биле нелогични.
„Барањето не е логично, ќе се плаќа колку се троши и не сакаме да бидеме црна точка како што не претставуваа. Оние кои се социјални случаи ќе плаќаат на рати. Останатите плаќаат како и сите во државата, ќе користат поволности што важат за сите“, рече Шаини, додавајќи дека во Слупчане има над 60 проценти жители кои плаќаат сметки.
Мрежата во Слупчане не е реконструирана повеќе од 20 години од конфликтот 2001. Жителите на слупчане неодамна не им дозволија на екипи од ЕВН да интервенираат на дистрибутивната мрежа, по што доставија листа со барања меѓу кои и „да не плаќаат повеќе од 3.000 денари без одглед колку ќе потрошат“.