Етничкиот ерменски лидер на отцепениот регион Нагорно-Карабах, Арајик Харутиунијан, побара од Меѓународната заедница итна акција за укинување на де-факто блокадата наметната од Азербејџан и спречување на, како што го нарече, „геноцидот врз народот на Нагорно-Карабах“.
И Ерменија и сепаратистичките власти во енклавата рекоа дека Азербејџан го блокирал Нагорно-Карабах од декември, што резултирало со недостиг на храна, лекови и енергија.
„Со ова итно обраќање, сигнализирам дека токму сега народот на Република Арцах (ерменското име за Нагорно-Карабах), се подложени на геноцид и се соочуваат со реална закана од уништување и лишување од нивната татковина“, рече Харутиунијан во видео обраќање.
Видете и ова: Криза во Нагорно-Карабах: Азербејџан го блокираше ерменскиот хуманитарен конвојТензиите ескалираа откако Азербејџан целосно го прекина сообраќајот низ контролниот пункт минатиот месец, во очекување на истрага, откако соопшти дека биле откриени „различни видови шверцувана стока“ во возилата на Црвениот крст што доаѓале од Ерменија. Пристапот претходно беше блокиран поради низа протести и обвинувања од Баку.
Азербејџан тврди дека може да дозволи снабдувањето да стигне до Нагорно-Карабах само по пат од Агдам, град под контрола на Азербејџан во источниот дел на регионот.
Етничките ерменски власти во Нагорно-Карабах ја отфрлаат понудата, велејќи дека блокадата на Азербејџан е прекршување на договорот за прекин на огнот од 2020 година, кој со посредство на Москва, стави земјен појас широк пет километри под контрола на руските мировници.
На 8 август, делегација предводена од членови на персоналот на Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат посети локација во јужната ерменска провинција Сјуник, каде што конвој од 19 камиони со хуманитарна помош е блокиран веќе две недели.
Видете и ова: САД и ЕУ бараат од Азербејџан да ја укине блокадата на коридорот ЛачинХарутиунијан го повика и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш „да покаже морална и политичка одговорност и лидерство, вклучително и целиот систем на ОН“ за ова прашање.
Баку рутински ги отфрла обвинувањата за етничко чистење на Ерменците од Нагорно-Карабах.
Во 2020 година пак, Азербејџан ја врати контролата врз териториите што ги држат етничките ерменски сили надвор од границите на Нагорно-Карабах, како и врз дел од поранешниот автономен регион.