Пензионерите протестираа за повисоки пензии

Протест на пезнионерите во Жена-парк, Скопје 9 август 2023 година

Покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии побараа на денешниот протест пензионерите.

На протестот, кој се одржа во Жена парк, во Скопје пензионерите посочија дека не се работи за партиски, туку за егзистенцијален протест.

Според нив, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот.

Видете и ова: Пензионерите се мобилизираат - дел здруженија на протести за поголеми пензии

Согласно новата Методологија за пресметување на пензии, во март просечната пензија од 17 666 денари се зголеми на 19 150 денари.

Согласно најавеното покачување на пензиите од 6 отсто за септември, најголемо покачување од 1620 денари ќе добијат корисниците на воена пензија, додека најниско покачување на пензиите ќе добијат земјоделците, односно 588 денари.

Во изминатите денови имаше протест на пензионерите и во другите градови. Тие бараа зголемување на пензиите од септември за 3 500 денари, а не само за 6 отсто како што најави Владата.