Најмалку 33 мртви во поројните дождови во Пекинг

Граѓаните се справуваат со последиците од обилните дождови и невремето во Пекинг

Триесет и три лица загинаа, а 18 се водат како исчезнати по обилните дождови во Пекинг, соопштија кинеските власти.

Неколку десетици луѓе загинаа и во поплавите што ја погодија северна Кина. Властите во Пекинг во петокот соопштија дека 147 лица загинале и исчезнале како последица на природни катастрофи во јули.

Пекинг беше погоден од рекордни дождови во последните недели.

Во најтешко погодениот Ментугу, област во западната периферија на Пекинг, екстремните врнежи од дожд и поплави погодија 310 илјади жители и оштетија речиси 35 000 куќи.

Видете и ова: Најмалку 11 жртви по силниот тајфун во Пекинг

Официјалните лица рекоа дека катастрофата ја предизвикала најтешката штета забележана во историјата во областа.

Пекинг ги забележа најсилните врнежи во последните 140 години откако остатоците од тајфунот Доксури го поплавија регионот.