Руската противвоздушна одбрана собори две беспилотни летала кои се упатија кон Москва, соопштија руските власти во средата наутро, на 9 август, во услови на зголемување на ваквите напади врз руската престолнина.
Нападот се случи два дена откако во два руски ракетни напади загинаа девет лица во Покровск, во источна Украина.
„Над територијата на Московската област спречен е обид за напад со дрон предводен од Киев“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Се додава дека противвоздушната одбрана уништила два дрона и дека во тој спречен напад нема жртви или материјална штета.
Видете и ова: Спречен руски хакерски напад врз информацискиот систем на украинските силиСпоред градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, еден од уредите бил соборен во областа Домодедово, јужно од Москва, а другиот во областа на автопатот Минск, западно од Москва.
„Двата дрона се обидоа да влезат во Москва“, додаде Собјанин.
Москва и нејзиниот регион, кој се наоѓа на повеќе од 500 километри од украинската граница, веќе се цел на напади со беспилотни летала, потсетува Франс прес.
Русија започна инвазија на Украина во февруари 2022 година, а од јуни Украина е во контраофанзива.