Зеленски-Ако Русија продолжи да напаѓа во Црното Море, ќе возвратиме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе и возврати нанападите на Русија во водите на Црното Море со цел да се осигура дека нејзините води не се блокирани и дека може да увезува и извезува жито и друга стока.

Оваа порака доаѓа неколку дена откако украинските поморски дронови наполнети со експлозив оштетија руски воен брод во близина на големото руско пристаниште и погодија руски танкер.

„Ако Русија продолжи да доминира на Црното Море, надвор од нејзината територија, и повторно да не блокира или да пука, да лансира ракети кон нашите пристаништа, Украина ќе го стори истото“, рече Зеленски, велејќи дека станува збор за одбрана.

„Ние немаме толку многу бродови. Но, тие треба јасно да разберат дека до крајот на војната ќе имаат нула бродови, нула“, додаде тој.

Видете и ова: Медведев предупреди на нови напади врз украинските пристаништа


Тој ја повика Русија да престане да ги таргетира со ракети од беспилотни летала украинските пристаништа и да дозволи трговија.

Москва, која минатиот месец се повлече од договорот што и овозможи на Украина безбедно да го извезува своето жито преку Црното Море, започна напади врз пристаништето откако Украина удри во мост што ја поврзува Русија со Крим.

Киев, кој води контраофанзива, претходно соопшти дека останува посветен на повторно преземање на целата своја територија, вклучувајќи го и Крим.