Еден грчки државјанин загина, а осум се повредени во судир меѓу навивачите на фудбалскиот клуб Динамо Загреб кои во понеделникот вечерта ги нападнаа навивачите на АЕК во Атина.
Министерот за внатрешни работи Јанис Иконому во вторник, на 8 август, суспендирал седум високи полициски службеници, а била отворена внатрешна истрага поради доцнењето на полициската интервенција, а отворена е и кривична истрага против сите инволвирани.
Видете и ова: Шкупи vs Левски - натпревар што резултира со повредени и апсењаГрчката полиција соопшти дека уапсила 88 навивачи, главно од Хрватска. Натпреварот кој требаше да се одигра на 8 август е откажан, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).
По смртта на навивачот, грчките власти побарале сите навивачи да бидат исклучени од натпреварот меѓу АЕК од Атина и хрватскиот Динамо од Загреб во Опап Арената, јавува Асошиетед прес (АП).