Украинските нуклеарни централи лоцирани на територијата под контрола на Киев ќе бидат целосно оперативни до зима за да обезбедат електрична енергија за земјата, објави украинскиот оператор за атомска енергија.
„Целата моќ со која располагаме ќе биде дадена на електричната мрежа“, изјави Петро Котин, шеф на Енергоатом, по сервисирањето на дел од реакторот пред зимата.
Тој говореше во централата во Јужна Украина по повод рестартирањето на еден од трите нејзини реактори, секој со капацитет од 1 000 мегавати.
Украина моментално има три електрани со вкупно девет реактори на територијата под нејзина контрола, пишува агенцијата Франс прес.
„Во зима ќе влеземе со девет реактори со полн капацитет“, рече Котин, додавајќи дека четирите реактори кои моментално се ремонтираат ќе бидат во функција до ноември, со вкупна моќност од речиси 7 600 мегавати.
Четвртата нуклеарна централа, која е и најголема во Европа, е централата Запорожје, која има шест реактори. Руските сили ја окупираа во март 2022 година.
Видете и ова: МААЕ сѐ уште нема пристап до покривот на централата во ЗапорожјеОд почетокот на јуни, киевските трупи се во контраофанзива во областа во близина на Запорожје во источна и јужна Украина, во обид да ја вратат територијата што ја држеше Русија од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.
Според Котин, украинските нуклеарни централи не биле „директно погодени“ од бранот руски напади врз енергетската инфраструктура во есента и зимата минатата година.
Шефот на Енергоатом не беше изненаден од изјавата на Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кој не нашол никаков експлозив на покривот на фабриката во Запорожје.
На почетокот на јули, Украина ја обвини Москва дека подготвува „провокација“, а војската тврдеше дека „предмети слични на експлозивни направи“ биле поставени на покривите на реакторите три и четири.
Експертите на МААЕ „имаа многу ограничен пристап“.
МААЕ на 4 август објави дека не пронашла мини или експлозиви на покривите на двете згради на реакторите и во турбинските хали на електраната Запорожје.