Централните и јужните региони на Италија забележаа седум отсто повеќе смртни случаи од вообичаено во јули по топлотниот бран, покажаа податоците на Министерството за здравство, додека пожарникарите во понеделник се бореа со шумските пожари во Сардинија и град и поплави на североистокот на земјата.
Италија е на врвот на листата земји погодени од екстремни временски услови, откако топлотниот бран ја погоди јужна Европа минатиот месец, при што високите температури доведоа до зголемен ризик од пожари и смртни случаи.
Во последните месечни податоци, италијанското Министерство за здравство ги забележа ефектите на екстремните температури врз стапката на смртност во земјата во јули во споредба со просечната стапка забележана за истиот период од 2015 до 2019 година.
Видете и ова: Невреме во Скандинавија предизвика несреќиЗабележано е дека рекордните температури од над 40 степени Целзиусови предизвикале повеќе смртни случаи од очекуваното кај населението на возраст од 75 и повеќе години.
Зголемената стапка на смртност беше особено видлива во јужните градови како Бари, Катанија и Реџо Калабрија.
Стапката на смртност во градовите на северот од земјава, кои беа помалку изложени на топлотниот бран, е пониска од очекуваната. Таа е за 14 отсто помала во однос претходниот тренд.
Топлината се намали, но во неделата пожарникарите евакуираа повеќе од 600 луѓе долж источниот брег на островот Сардинија.
По 60 интервенции претходната ноќ, продолжи работата на гаснењето на пожарите во провинциите Нуоро и Каљари, објавија пожарникарите во понеделник, 7 август.