По катастрофалните поплави Словенија упатила барање за помош во Северна Македонија преку преку НАТО механизмот за помош при катастрофи, соопшти Центарот за управување со кризи.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, известила дека Армијата е подготвена да испрати 100 армиски припадници, кои по донесување на Одлука на Владата и давање согласност на Претседателот и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, ќе бидат подготвени да тргнат.
„Дали и колку точно припадници на Армијата ќе заминат за Словенија ќе се одлучи во координација со Владата на Република Словенија која треба да се изјасни дали ја прифаќа понудената помош и во колкава бројност, информираат од ЦУК.
Видете и ова: Бројот на жртви во поплавите во Словенија расте, некои области сѐ уште под водаБројот на загинати во катастрофалните поплави што ја погодија Словенија денеска се зголеми на шест, откако беа пронајдени телата на маж кој работеше на поправка на штетите и уште едно тело во надојдената река Теменица, јавува СТА.
Во текот на претходната ноќ, пожарникарите интервенирале за отстранување на последиците од поплавите во 57 случаи, најмногу во Помурје и Корушка.
Одредени области се уште се поплавени, многу патишта се уште се затворени, а надлежните служби предупредуваат дека со повлекување на водата, ризикот од одрони на тие места ќе се зголемува.
Ново силно невреме ја зафати Словенија синоќа. Додека се очекува смирување на хидролошките услови, многу места сега се загрозени од лизгање на земјиштето, јавува Н1 Љубљана.