Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун издаде нови наредби за големите фабрики за оружје, вклучително и оние што произведуваат мотори за стратешки ракети и беспилотни летала, објави денеска државната новинска агенција.
Ким, исто така, посети фабрики кои произведуваат гранати за ракетни фрлачи и лансер транспортери, тип на возило што може да истрела балистички проектили.
Тој даде инструкции за зголемување на производствениот капацитет на фабриките со цел зајакнување на одбранбените капацитети на земјата.
Видете и ова: Севернокорејскиот лидер му ги покажа ракетите на ШојгуСеверна Кореја го засили развојот на стратешко оружје, вклучително и балистички ракети со долг дострел и беспилотни летала, и ги покажа своите најнови ракети и беспилотни летала на големата воена парада на крајот на јули.
Со воената парада беше одбележана 70-годишнината од крајот на Корејската војна, а тој ден во Северна Кореја се слави како Ден на победата. Потоа Ким се сретна со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и двете страни потврдија дека ќе продолжат да ги зајакнуваат врските. Покрај руската делегација, на парадата присуствуваше и кинеска делегација предводена од Ли Хонгџонгас, член на Политбирото на Кинеската Комунистичка партија.