И синоќа по 31 пат во неколку израелски градови се одржаа протести поради контроверзната реформа на правосудниот систем што ја спроведува Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Реформскиот план поддржан од владејачката коалиција предизвика длабоки поделби и најголемото протестно движење во нејзината историја.
Покрај конзервативниот Ликуд на Нетанјаху, во владејачката коалиција се и ултрадесничарските и ултраортодоксните еврејски партии.
Видете и ова: Судир на демонстрантите со израелската полиција по усвоениот закон за реформи во судствотоОткако беше објавен планот, десетици илјади луѓе демонстрираат секоја сабота ширум Израел извикувајќи „Демократија, демократија!“.
Според Владата реформата има за цел зајакнување на моќта на избраните функционери, политичарите над судството, неопходно за баланс помеѓу извршната и судската власт, но противниците ја гледаат како закана за демократијата и пат кон автократски режим.
Веќе е усвоен првиот закон од реформата за ограничување на можностите на Врховниот суд да ги поништи владините одлуки.
Законодавниот процес сега е стопиран поради летниот одмор на пратениците, а Нетанјаху вети дека ќе преговара за следните чекори.