Невреме со град го погоди Белград

Невреме во Белград, општина Врачар, 5 август 2023 година

Невреме со град го зафати Белград на 5 август, а на централните улици во градот се појавија струи од вода.

Невремето со град беше проследено со силен ветер и дожд, како и со значителен пад на температурата.

Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) претходно соопшти дека времето во Србија ќе биде многу нестабилно со врнежи од дожд, обилни врнежи, грмежи и понекаде град, особено во попладневните и вечерните часови.

Како што наведоа, очекуваат врнежи од 20 до 40 милиметри, локално и до 70 милиметри, како и пад на температурата за околу пет до осум степени.

Моменталната температура на повеќето места во Србија, како што е наведено на веб-страницата РХМЗ, се движи меѓу 26 и 32 степени.

Видете и ова: Нови поплави во Словенија, се очекува намалување на врнежите

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во петок, 4 август, ги презема сите неопходни мерки за спречување на последиците од обилните врнежи, како и за заштита на населението и имотот.

Невремето кое од северот на Европа пристигна во Србија, претходно ја зафати Словенија, потоа Хрватска, каде се очекува значително зголемување на водостојот на реките Мура, Драва и Сава. Во Босна и Херцеговина е вклучен метеоролошки аларм.

Најлошо е во Словенија. Обилни врнежи наврнаа во текот на ноќта од 4 до 5 август во словенечките провинции Горењска и Корушка, поради што има нови поплави во тие области. Водостоите на реките на југот на Словенија, кои на места се излеаја, е во пораст, а многу патишта се уште се затворени.