Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев на 5 август навести дека Москва ќе изврши нови напади врз украинските пристаништа како одговор на нападите на Киев врз руските бродови во Црното Море.
Тој се закани дека Украина ќе доживее „еколошка катастрофа“.
Медведев, кој е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, тело со кое претседава претседателот Владимир Путин, говореше по нападите со украински беспилотни летала врз руски воен брод во пристаништето Новоросијск и танкер во близина на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.
На 4 август, Путин претседаваше со состанокот на Советот за безбедност на кој присуствуваше и Медведев по нападот на Новоросијск, во кој, наводно, тешко е оштетен брод на руската морнарица.
„Очигледно, ударите на Одеса, Измаил и други места не им беа доволни“, рече Медведев во објавата на неговите официјални профили на социјалните мрежи, нарекувајќи го официјален Киев со погрдни имиња.
Видете и ова: Зеленски ја обвини Русија за „намерни напади“ врз објектите за производство на жито во ОдесаВо последниве недели, Русија го гаѓаше црноморското пристаниште Одеса, дом на украинската морнарица и Измаил, главното пристаниште на Украина преку реката Дунав во близина на границата со Романија, оштетувајќи ја пристанишната инфраструктура и постројките за жито.
Москва, која минатиот месец се повлече од договорот што и овозможи на Украина безбедно да го извезува своето жито преку Црното Море, започна напади врз пристаништето откако Украина удри во мост што ја поврзува Русија со Крим.
Киев, кој води контраофанзива, претходно соопшти дека останува посветен на повторно преземање на целата своја територија, вклучувајќи го и Крим.