Министрите за одбрана на западноафрикански земји подготвија план за можна воена интервенција во Нигер за да се спротивстават на пучот.
Одлуката ќе ја донесат шефовите на државите на Економската заедница на западноафриканските држави(ЕКОВАС), изјави Абдел-Фату Муса, комесар за политички прашања, мир и безбедност на ЕКОВАС.
„Одработени се аспектите на евентуалната интервенција, вклучително и потребните ресурси, како и датумот и начинот на распоредување на силите“, рече тој на крајот од тридневниот состанок во главниот град на Нигерија, Абуџа.
Видете и ова: МНР: Се работи на евакуација на наш државјанин од НигерТие веќе воведоа санкции кон Нигер и предупредија дека може да се употреби сила доколку водачите на пучистите не ја вратат власта на избраниот претседател Мохамед Базум до недела.
Таа петнаесетчлена организација вчера испрати делегација во Нигер за да побара „мирно решение“. Сепак, дипломатски извор рече дека средбата со претставниците на хунтата, што се одржа на аеродромот, била без успех.
Војниците во западноафриканската држава Нигер на 27 јули објавија дека извршиле државен удар. Тие на националната телевизија соопштија дека го поништиле Уставот, ги суспендирале сите институции и ги затвориле државните граници.
Генералот Абдурахман Чиани се прогласи за нов лидер на по драматичниот пуч.
Пучот беше остро осуден од меѓународните тела, вклучително и Африканската унија, Западноафриканскиот регионален блок, ЕУ и ОН.