Научниците пронајдоа природен тип на бактерија која може да помогне да запре преносот на маларија од комарци на луѓе. До ова откритие е дојдено случајно, откако една колонија комарци не успеала да го развие паразитот на маларија во експеримент.
Истражувачите велат дека бактеријата би можела да биде нов начин за борба против една од најстарите болести во светот која убива 600 000 луѓе секоја година. Сега, се спроведуваат испитувања за да се процени безбедноста во реалниот свет.
Научниците од истражувачка установа во Шпанија дошле до ова откритие откако забележале дека колонијата на комарци што се користат за развој на лекови престанала да пренесува маларија.
„Стапката на зараза кај комарците почна да се намалува, така што до крајот на годината комарците едноставно нема да бидат заразени со паразитот на маларија“, вели доктор Џенет Родригез, која ја водеше програмата.
Тимот замрзнал примероци од експеримент направен уште од 2014 година, а две години подоцна повторно им се вратиле на примероците за да истражат што се случило.
Понатамошните тестови, откриле дека специфичен вид на бактерија TC1, која е природно присутна во околината, го запрела развојот на паразитот на маларија во цревата на комарецот.
Новите податоци објавени во списанието „Наука“ покажуваат дека бактеријата може да го намали бројот на паразити кај комарците до 73 проценти.