Поројните дождови кои од четвртокот вечерта ја зафатија Словенија предизвикаа повеќе од 1 000 несреќи во последните 24 часа, информираат од Управата за спасување, од каде каде додаваат и дека на помош пристигнале повеќе пожарникари од 168 против пожарни служби. Бројни противпожарни единици во делови од Словенија работат цела ноќ, а мештаните мораа да бидат евакуирани од три кампови.
Словенечката агенција за животна средина поради долготрајните врнежи кои предизвикаат дополнително издигнување и излевање на водотеците, издаде црвено предупредување за североисточна, северозападна и централна Словенија, со важност од денеска до полноќ. На некои места во Штаерска се огласиле и сирени како предупредување поради опасност од поплави.
„Пожарникарите во текот на ноќта претежно испумпувале вода од поплавените објекти, заштитиле неколку одрони, отстранувале отпад од под мостовите и спасувале потопени возила од поплавените патишта“, се вели во соопштението на Управата за заштита и спасување на Словенија.
Според нивните податоци, тие забележале 1 039 случувања во регионалните центри Цеље, Крањ, Љубљана, Марибор, Мурска Собота, Нова Горица, Постојна, Птуј и Словењ Градец.
Во северното крајбрежје најмногу проблеми имало во Толмин и Идријско-Церкљан, а како што изјави за Радио Словенија регионалниот началник за цивилна заштита, Само Космач, поплавени се куќи, активирани се неколку одрони кои ги затрупале патиштата, а во Башка грапа морале да се евакуираат жителите на две куќи. Во текот на денот се очекува поголемо излевање на реките.
Видете и ова: Невреме во Хрватска, Србија, Словенија и БиХ, има и жртвиМногу патишта се затворени поради последиците од невремето, поплавите, наноси од песок и кал и одрони. Затворени се автопатот Горењски, клучката Лешче кон Караванке и Горењскиот автопат, клучката Брник кон Љубљана.