Состојбата во јавното здравство е алармантна доколку ги имаме предвид платите на здравствените работници, проблемите со специјализантите, поставеноста на Клиничкиот центар и вработувањето партиски кадри. Ова денеска го порача Синдикатот на Клинички центар на кој му се приклучи и Иницијативниот одбор на независниот докторски синдикат наречен „Хипократ“.
Претседателот на Синдикатот на Клинички, Предраг Серафимовски, на прес-конференција рече дека очекуваат со августовската плата да има усогласување со минималната и дека во спротивно се можни протести. Барањата ги испратиле до министерот за здравство Фатмир Меџити, Фондот за здравство и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Видете и ова: Меџити: Клиниките и болниците имаат пари, проблемот е лошото менаџирање„Според минималната плата, никој во државата не смее да има под минимална плата, 20.175 денари, кај нас тоа не е така. До четврта група на сложеност, луѓето кај нас, тие кои се најзагрозени групи, добиваат од 15.900 до некаде 17-18.000 плата. Тоа, според закон, е кривично дело“, изјави Серафимовски.
Тој најави дека се можни и приватни и колективни тужби против Фондот за здравство и министерството, а дека во консултации со членството, може да почнат и протести.