Полска предупреди дека зголеменото присуство на руската платеничка група Вагнер во Белорусија има за цел да го дестабилизира источното крило на НАТО, среде војната во Украина. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, говорејќи по состанокот со литванскиот претседател Гитанас Наусед на 3 август, рече дека сојузниците на НАТО мора да ја зголемат будноста, бидејќи веројатноста за провокации останува многу висока.
Моравјецки ги даде овие коментари два дена откако два белоруски воени хеликоптери кои изведуваа вежби во близина на границата накратко го нарушија полскиот воздушен простор.
Видете и ова: Платеници на Вагнер се приближуваат до полската границаБелоруското Министерство за одбрана го негираше ова, обвинувајќи ја Варшава за „измислици“.
„Мораме да бидеме свесни дека бројот на провокации ќе се зголеми, групата Вагнер е исклучително опасна и тие се движат кон источното крило за да ја дестабилизираат“, рече Моравјецки.
Илјадници платеници на Вагнер пристигнаа во Белорусија по краткотрајниот бунт на групата во Русија, а белоруското Министерство за одбрана на 30 јули објави дека Вагнер почнал да тренира делови од нивната армија.