Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од нејзина ескалација, Министерството за надворешни работи (МНР) упатува апел до државјаните на Северна Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер, а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш.
МНР денеска информираше и дека преку Амбасадата во Каиро работи на обезбедување евакуација за еден наш државјанин, кој има побарано помош.
Видете и ова: Бајден повика на итно ослободување на соборениот претседател на Нигер„Ги замолуваме нашите државјани кои се наоѓаат во Нигер, а кои сѐ уште не оставиле свои податоци, да ја контактираат нашата Амбасадата во Каиро, со цел доставување на своите податоци, на следниот телефонски број + 202 27 508 501; +201017810085; +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mk. Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk“, соопшти МНР.