Рускиот претседател Владимир Путин денеска на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган му рече дека Москва е подготвена да се врати на договорот за жито, штом Западот ќе ги исполни своите обврски за рускиот извоз на жито.
Путин во телефонски разговор ги наведе причините на Русија за повлекување од договорот минатиот месец, соопшти Кремљ.
Договорот овозможи безбеден извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море.
Видете и ова: НАТО и Украина го осудија повлекувањето на Русија од договорот за житоМосква тврди дека Западот не направил ништо за да го олесни извозот на руско жито и вештачко ѓубриво, како што е наведено во договорот постигнат со посредство на ОН и Турција минатиот јули.
Украина и Русија се водечки извозници на жито.
По повлекувањето од договорот за жито на 17 јули, Русија ги засили своите напади врз јужна Украина, особено врз пристанишната инфраструктура во Одеса.