Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет дека планирал да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година. Тоа е трета кривична пријава во изминатите четири месеци.
Овој пат, обвинителите го обвинуваат за обид да ја поништи неговиот пораз на претседателските избори во 2020 година, во момент кога прави обид да ја добие републиканската претседателска номинација за претстојното гласање во 2024 година.
Седумдесет и седумгодишниот Трамп негира дека извршил криминални дејствија. Тој на социјалните мрежи го нарече случајот „смешен“.
Трамп, кој сега се соочува со вкупно 78 обвиненија во три одделни случаи, моментално води во трката за следниот републикански претседателски кандидат.
Републиканскиот политичар веќе е обвинет во два други случаи: погрешно постапување со доверливи досиеја и фалсификување деловни записи за да се прикрие тајна исплата на порно ѕвезда.
Видете и ова: Трамп убедливо води во анкетите меѓу републиканцитеНовото обвинение вклучува истрага за настаните околу бунтот на 6 јануари 2021 година во американскиот Капитол.
Изборната истрага се фокусираше на постапките на Трамп во двата месеци помеѓу неговиот пораз од Џо Бајден и немирите во Вашингтон, каде што неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот додека пратениците ја потврдија победата на демократите.
Обвинението за четири точки го обвинува Трамп за заговор за да ја спречи победата на актуелниот претседател Џо Бајден и да ги лиши гласачите од нивното право на фер избори.
На поранешниот претседател му беше наредено во четврток на 3 август да се појави пред федералниот суд.
Обвинението произлезе од истрагата што ја водеше специјалниот обвинител Џек Смит.
„Нападот врз нашиот главен град на 6 јануари 2021 година беше напад врз седиштето на американската демократија. Како што е опишано во обвинението, тој беше поттикнат од лагите на обвинетиот - со цел да се нарушат основните функции на Владата на Соединетите држави“, рече Смит во краткото обраќање до новинарите.
Видете и ова: Нови обвинувања против Трамп за случајот со задржување доверливи документиВо обвинението се наведува дека Трамп заговарал со уште шест неименувани лица за да го поништи исходот од претседателските избори во 2020 година.
Обвинителите во обвинението прецизираа дека поранешниот американски претседател бил свесен дека неговите тврдења за изборни нерегуларности се лажни - но, и покрај тоа, тој ги повторил со цел да создаде интензивна атмосфера на недоверба и гнев и да ја поткопа вербата на јавноста во спроведувањето на изборниот процес.
Од штабот на Трамп тврдат дека се работи за политички прогон.
Во својата реакција - кампањата на Трамп објави дека тој секогаш го почитувал законот и обвинението го окарактеризира како политички прогон, кој се поврзува со периодот на нацистичка Германија.
Официјални лица сведочеа за време на истрагата дека Трамп им вршел притисок врз основа на лажни тврдења за широко распространета гласачка измама.
Дел од неговите поддржувачи, прифаќајќи ги тие тврдења некритички, го нападнаа седиштето на американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 година во обид да спречат изборна потврда на актуелниот претседател Бајден.