Одбележување на 120 години Илинден

Мечкин Камен во Крушево.

Под слоганот „120 години Илинден - Огниште на татковината“, годинава се чествува 2 Август- Денот на Републиката - Илинден, при што обраќања ќе има од страна на државниот врв.

Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, а претседателот на Собранието Талат Џафери на Мечкин Камен во Крушево.

Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на свеченост на тврдината Кале во Скопје, а лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе предводи висока партиска делегација во Крушево

Делегации на Владата учествуваат на сите настани опфатени со државната програма за одбележување на државниот празник 2 Август - Денот на Републиката - Илинден.

Одбележувањето ќе започне со настаните во Скопје, каде на свечена манифестација на тврдината Кале во Скопје ќе се обрати премиерот Ковачевски а владини делегации ќе положат цвеќе на повеќе локации во градот, соопштi од Владата.

Видете и ова: СДСМ поднесе Декларација за Илинден и ги повика пратениците да ја поддржат

Свечената манифестација во Скопје на тврдината Кале ќе биде 9:30 часот, каде по положувањето цвеќе пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа“, ќе се обрати Ковачевски.

Ковачевски таму ја предводи владината делегација во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Од Владата информираат дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, предводејќи државна делегација со државни почести и чествувања ќе го одбележи големиот национален празник Илинден во Крушево.

Владината делегација ќе се поклони и ќе оддаде почит положувајќи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење.

На Мечкин Kамен во 11:30 часот, започнува манифестацијата на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Џафери.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Што знаат младите за Илинден?


Претседателот на државата Стево Пендаровски во 10:15 часот ќе се обрати пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце.

Пендаровски ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински, во 12 часот, а ќе биде пречекан од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и ќе остварат билатерална средба.

На споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце, по повод националниот празник Илинден, владината делегација ја сочинуваат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на одбележувањето на националниот и државен празник Илинден ќе предводи висока партиска делегација во Крушево. Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, претседател на Крушевската Република.