Воените влади на Мали и Буркина Фасо соопштија дека секоја воена интервенција во Нигер ќе ја сметаат за „објавување војна“ против нив.
Оваа заедничка изјава за државната телевизија на Мали ја прочита министерот за територијална администрација и децентрализација на Мали, Абдулај Мајга.
Економската заедница на западноафриканските држави воведе санкции против Нигер поради пучот и рече дека ќе употреби сила доколку воената хунта не го врати демократски избраниот претседател на земјата.
Мали и Буркина Фасо ги осудија санкциите на западно африканските држави како „нелегални, нелегитимни и нехумани“ и одбија да ги спроведат.
Видете и ова: Генералот Чиани се прогласи за нов лидер на Нигер
Блокот ги суспендираше сите трговски и финансиски трансакции меѓу нејзините земји-членки и Нигер и ги замрзна средствата на земјата во регионалните централни банки.
Економската заедница на западноафриканските држави исто така, ги санкционираше Мали и Буркина Фасо и ги суспендираше од блокот во 2020 година кога тие земји организираа пуч, но никогаш не се заканија дека ќе употребат сила.
Ако блокот употреби сила, тоа може да предизвика насилство меѓу цивилите кои го поддржуваат пучот и оние кои се против него, проценуваат аналитичарите од Нигер.