Предлогот на Али Ахмети е несериозен во вака сериозен момент кога се работи за евроинтеграциите и засега нема да се разгледува во партиските тела, изјави денеска претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
На новинарско прашање дали Алијанса за Албанците ќе ја напушти владината коалиција по повикот на лидерот на ДУИ да го следат нивниот пример со кој министрите од неговата партија поднеле оставки од функциите, кои ќе станат ефективни откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени, Таравари смета дека станува збор за „пи-ар“ трик.
„Ова е многу сериозен период за вака несериозни предлози. Мислам господинот Ахмети не размислува така и ми наликува на „пи-ар“ трик. Во овој период треба да размислуваме трезвено и сериозно кога станува збор за евроинтеграциите. Во Алијанса за Албанците не се ни размислува во правец на предлогот на Ахмети“, рече Таравари.
Видете и ова: Оставките на ДУИ - реални отстапки или тактички маневар?Доколку дојде до ситуација да се носи некаква одлука во овој правец, тогаш, нагласи Таравари, за тоа ќе се расправа во партиските тела и во консултации со членството и граѓаните.
Во врска со прегрупирањето на албанскиот политички блок и можноста за коалицирање со опозицијата, Таравари истакна дека засега нема да ја напушта владејачката коалиција.
„Алијанса за Албанците е дел од владата и ги прави анализите за претстојните избори. Засега нема навестувања за коалицирање, а со оглед на она што го поминавме претходно, најдобро ќе биде да одиме на избори сами, истакна лидерот на партијата.
Видете и ова: Министрите на ДУИ поднесоа оставки, ќе важат кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измениМинистрите на ДУИ на 30 јули ги поднесоа оставките за кои рекоа дека би станале ефективни само ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.
Од ДУИ велат дека се решиле на ваков чекор да поднесат оставки и дека го прифаќаат условот на опозициската ВМРО - ДПМНЕ дека ќе поддржи уставни измени без ДУИ во влада.
Но, ВМРО-ДПМНЕ побара оставките на министрите од ДУИ да бидат неотповикливи и потоа да се организираат брзи предвремени парламентарни избори.
Видете и ова: ВМРО-ДПМНЕ бара неотповикливи оставки на министрите од ДУИ и брзи избори