Бројот на загинатите во вчерашниот самоубиствен напад во северозападен Пакистан се искачи на 54. Речиси 200 луѓе се повредени, од кои 14 се во тешка здравствена состојба.
Бомбаш самоубиец вчера се разнесе на митинг на исламската политичка партија во Бајаур, планинска област во близина на границата со Авганистан, која некогаш била под контрола на пакистанските Талибанци.
Најмалку тројца осомничени беа уапсени во текот на ноќта поради можна поврзаност со бомбашкиот напад и беа испрашувани од страна на разузнавачките и органите за спроведување на законот.
Пакистанските власти за нападот ја обвинија Исламска Држава.
Исламска држава во Курасан (ИСИК), локален огранок на екстремистичката група, е активна и во Авганистан и во Пакистан од 2015 година и стои зад неколку смртоносни напади.