Вагнер ги тренира белоруските механизирани сили

илустрација

Руската платеничка група Вагнер започна со обука на механизирани единици на белоруската армија, соопштија на 30-ти ули Министерство за одбрана на Белорусија.

„Се спроведува обука за организирање на дивизии, водови и чети, имајќи го предвид искуството на експертот Вагнер“, соопшти Министерството.

Илјадници платеници на Вагнер пристигнаа во Белорусија по краткотрајниот бунт на групата во Русија.

Војниците на Вагнер одиграа клучна улога во руската инвазија на Украина, помагајќи да се заземат поголемите делови од градот Бахмут по речиси 10 месеци интензивни борби.

Видете и ова: Белоруската армија спроведува вежби со платениците на групата „Вагнер“

Вагнер е руска приватна воена компанија. Формално, оваа платеничка група не е дел од вооружените сили на Руската Федерација и не информира директно до Министерството за одбрана на Руската Федерација. Сепак, рускиот претседател Владимир Путин призна дека оваа група се финансирала од рускиот државен буџет.

Членовите на групата учествуваат во копнени операции во Сирија, Африка и во војната со Украина. Платениците се осомничени дека извршиле бројни воени злосторства.

Според податоците на набљудувачката група „Белоруски Гајун“, од 11 јули во Белорусија веќе пристигнале 13 камиони со опрема што би можела да им припадне на платениците на Вагнер.