Западноафриканските земји им дадоа на пучистите во Нигер една недела да воспостават уставен поредок, предупредувајќи да не ја исклучуваат „употребата на сила“ и наредија воведување економски санкции.
Францускиот претседател Емануел Макрон се закани со „брз и решителен“ одговор на секој напад врз француските државјани и интереси во Нигер, каде илјадници поддржувачи на воениот удар протестираа пред Француската амбасада во Ниамеј. Некои сакаа да влезат во зградата, но полицијата ги растера со солзавец.
Демонстрантите ја урнаа плочата со натпис „Француска амбасада во Нигер“, ја згазија и на нејзино место ги ставија знамињата на Русија и Нигер, јавиja светските агенции.
Видете и ова: По воениот удар, ЕУ ја укинува финансиската поддршка за НигерНигер е стратешки партнер на Франција, која има околу 1 500 војници во таа земја, што е многу важно во борбата против џихадистите и обезбедува 20 отсто од увозот на ураниум во Европа.
Франција ги поздрави „одлуките на шефовите на држави“ на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS).
Тој западноафрикански блок, Африканската унија и западните земји, вклучително и Франција и САД, не ја признаваат „власта“ воспоставена по пучот и бараат враќање на уставниот поредок.