Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата предупреди дека доаѓа „војна“ во Русија откако три украински беспилотни летала беа соборени над Москва.
„Војната постепено се враќа на територијата на Русија - во нејзините симболични центри и воени бази и ова е неизбежен, природен и апсолутно фер процес“, рече Зеленски за време на посетата на западниот град Ивано-Франковск.
„Украина станува посилна“, додаде тој, предупредувајќи, сепак, дека земјата треба да се подготви за нов напад врз енергетската инфраструктура во зима.
„Но, мора да бидеме свесни дека, како и минатата година, руските терористи можат да го нападнат нашиот енергетски сектор и клучните капацитети оваа зима“, рече Зеленски, додавајќи дека во Ивано-Франковск се разговарало за подготовките за „сите можни сценарија“.
Видете и ова: Руските сили ги одбија нападите на 25 украински дронови на КримЗеленски зборуваше откако три украински беспилотни летала беа соборени над Москва рано во неделата, 30 јули, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во нападот беа оштетени две деловни кули, а меѓународниот аеродром беше накратко затворен.
Исто така, Москва во неделата соопшти дека нејзините сили спречиле обид на Украина да го нападне Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.