Шпреса Абази уште на 1 јули 2015 година е вработена во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, кој потоа прерасна во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова се наведува во одговорот на институцијата до партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој денеска на прес - конференција објави дека Шпреса Абази, снаата на шефот на Обвинителството за организиран криминал, Ислам Абази била вработена во министерството со кое раководи Артан Груби.
Од таму велат дека со планот за трансфер од 2020 година, било предвидено таа да биде префрлена во Агенцијата за електронски комуникации. Но, тоа се случило во 2022 година, бидејќи таа била на мандат во придружба на нејзиниот сопруг во амбасадата во Австрија.
Видете и ова: Стоилковски: Снаата на Ислам Абази била вработена во министерството на Груби, сега работи во АЕК„Во Планот за трансфер на вработени преку програмата К-5, кој е усвоен од страна на Владата заедно со уште девет вработени е предвидена за трансфер во АЕК. Во моментот кога планот е усвоен од Владата и беа реализирани трансферите, нејзиниот статус беше на мирување, бидејќи беше на мандат во придружба на својот сопруг, во амбасадата на Северна Македонија во Виена, Австрија, испратени во тоа време на Никола Поповски, министер за надворешни работи. Затоа, трансферот е извршен веднаш по враќањето од мандатот, како дел од планот за трансфер на 1 359 вработени со програмата К5“, се вели во реакцијата од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
На прес - конференцијата претходно, партискиот портпарол на ВМРО - ДПМНЕ, Наум Стоилковски праша дали некој што верува дека Ислам Абази ќе покрене или иницира истраги за аферите и скандалите во кои се поврзани со ДУИ.