Портпаролот на ВМРО - ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска на прес - конференција обвини дека Шпреса Абази, снаа на шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, била вработена во Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби, а потоа, како што рече, експресно преминала со работа во Агенцијата за електронски комуникации.
Стоилковски покажа и документ за кој вели дека датира од 4 април 2022 година, а се работи за одлука потпишана од Артан Груби за вработување, каде стои името на снаата на Ислам Абази. Од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, потоа преминала со работа во АЕК, каде е вработена како Советник за одговор на компјутерски инциденти.
„Директор на АЕК е Јетон Акику, познат и како зет на Невзат Бејта, човекот со кого Абази, како вели, има случајни фотографии, исто како што има фотографии со фамилијата на Али Ахмети. За потсетување, сопругата на Ислам Абази, од 23 мај годинава е нов обвинител на ОЈО Кичево. Има ли се' уште некој што верува дека Ислам Абази ќе покрене, иницира истраги за скандалите, аферите, богатењето, самоволието на Артан Груби, на семејството Ахмети коешто без денар стана сопственик на 40 отсто од милионската зделка „Соравија“, за Рамиз Мерко којшто со 30 кривични дека заврши на црната листа?“, рече портпаролот на партијата.
Видете и ова: ОЈО: Антикорупциска да се држи до надлежностите и да не нанесува штета на постапкитеСпоред Стоилковски, Ислам Абази е нем пред фактите за криминал, а ја прекина и комуникацијата со ДКСК.
„На изборот на Абази, којшто од непознат обвинител со тајно гласање беше избран за ЈО за организиран криминал и корупција, реагираше и меѓународната заедница! Оттука, секому му е јасно дека зад декларативните изјави на Артан Груби и на Али Ахмети за барање „сеопфатна истрага“ за ДУИ стои сигурност дека ништо нема да биде преземено“, рече Стоилковски.