Руските сили синоќа одбија напади на 25 украински беспилотни летала на Крим, соопшти Министерството за одбрана во Москва, наведувајќи дека нема жртви. Противвоздушната одбрана уништи 16 украински беспилотни летала, се наведува во соопштението на министерството.
Останатите девет украински беспилотни летала, се неутрализирани со електронски уреди и паднале во Црното Море.
Видете и ова: Аеродром во Москва е затворен по нападот со украински дроновиДенеска руските власти известија за ноќен напад од украински беспилотни летала врз Москва. Нападот е спречен и нема жртви.
На почетокот на јуни, Киев започна контраофанзива со цел да ја преземе територијата освоена од Москва.
Украинските сили објавија дека имаат намера да го вратат полуостровот Крим, кој беше окупиран од Русија во 2014 година.