Грчките пожарникари ставија под контрола неколку шумски пожари во близина на античкиот локалитет Олимпија на западниот полуостров Пелопонез, објави Штабот на противпожарната служба.
Управата за цивилна одбрана и противпожарни служби, исто така, издаде предупредување дека второто највисоко ниво на опасност од пожар е на сила во многу региони.
Властите во Олимпија, големиот локалитет каде што се одржуваа древните Олимписки игри на секои четири години, во саботата активираа систем за гаснење пожар кој автоматски го посипува местото на пожар со вода.
Видете и ова: Пожари во Грција - евакуирани жители и туристи на РодосШумскиот пожар во 2007 година уништи многу дрвја во близина на Олимпија.
Државното радио во неделата објави дека полицијата уапсила осомничен пироман во близина на Олимпија.
Грчката метеоролошка служба предвидува температури од околу 36 степени за наредните денови.
Живата се искачи многу над 40 степени во топлотниот бран кој траеше речиси две недели и заврши во четвртокот.