Група од стотина војници на Вагнер се приближила до белорускиот град Гродно во близина на полската граница, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки во саботата, 29 јули.
Полска, поранешна членка на Варшавскиот пакт, која е полноправна членка на НАТО од 1999 година, е загрижена за можното прелевање на војната на нејзина територија уште откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.
Видете и ова: Воениот камп на Вагнер во Белорусија се полни со воен опремаНа почетокот на овој месец, Полска почна да преместува повеќе од 1.000 војници на истокот на земјата поради зголемената загриженост дека присуството на платениците Вагнер во Белорусија може да доведе до зголемени тензии на границите.
„Ситуацијата станува сè поопасна... Тие (војниците на Вагнер) најверојатно ќе бидат маскирани во белоруски граничари и ќе им помогнат на илегалните мигранти да стигнат до полска територија и да ја дестабилизираат Полска“, рече Моравјецки на конференција за медиуми.
Сепак, тој не даде извор на информации за движењата на Вагнер, а Антон Мотолко, основач на белорускиот опозициски проект Хајун, кој ги следи воените активности во земјата, изјави за Ројтерс дека неговата организација не видела никакви докази за приближувањето на групата на Вагнер кон Гродно.
Видете и ова: Лукашенко му рекол на Путин дека Вагнерците во Белорусија „сакаат да одат на запад“ во ПолскаПретходно во јули, началникот на Вагнер, Евгениј Пригожин, беше прикажан на видео како ги пречекува своите борци во Белорусија, велејќи им дека засега нема да учествуваат во војната во Украина, но им нареди да соберат сили за Африка, каде што се вклучени во серија конфликти.