Водите во северниот дел на Атлантскиот Океан достигнаа рекордна дневна температура во средата, покажуваат првите податоци објавени во петокот од американската Агенција за следење на океани и атмосфера (НОАА), чии мерења започнаа на почетокот на 1980-тите.
„Нашата анализа покажува дека 26 јули беше највисоката просечна температура на површинските води во Северниот Атлантик, односно 24,9 степени целзиусови“, изјави за Џунганг Јин, научник од Националниот центар за информации за животната средина на НОАА.
Овој рекорд е особено изненадувачки бидејќи се случува рано во текот на годината, а не на почетокот на септември, кога Северниот Атлантик е вообичаено најтопол.
Видете и ова: Научниците предупредуваат дека клучната океанска струја во Атлантикот е блиску до колапсПретходниот рекорд измерен на почетокот на септември 2022 година беше 24,89 степени Целзиусови, нешто понизок од оваа година.
Џунганг Јин посочи дека очекува температурата на површината на Северниот Атлантик „да продолжи да расте во август“, а можно е да се случи и нов рекорд.
Северниот Атлантик стана симболична точка на набљудување на прекумерното затоплување на океаните на планетата под влијание на климатските промени предизвикани од стакленички гасови.