Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека е добро што во Собранието почна расправа за уставните измени и што фокусот е ставен на содржината на измените. Според него, некоректно е оваа важна тема да се киднапира поради партиските агенди на политичките партии.
„Не гледам реакција од јавноста, од граѓаните, од експертиските групи за содржината на уставните измени. Ако имаше проблем со уставните измени, досега ќе вриеше од прес-конференции, ставови на различни експертски групи и невладини организации дека има нешто проблематично во уставните измени. Најважно е да се вратиме на содржината на измените и да видиме дали има нешто проблематично“, рече Османи.
Видете и ова: Џафери: Можно одложување на гласањето за уставните измени, ако не се обезбедат 80 пратенициСпоред Османи, недостигаат околу осум пратеници за потребното мнозинство за гласање на уставните измени.
Во однос на барањата на опозицијата, Османи рече дека ДУИ е подготвена веднаш да потпише дека ќе излезе од Владата доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.
„Сите нивни барања ги прифативме. Бараа ДУИ да излезе од Владата. Ставот на ДУИ е јасен, одлуката ќе се активира дента кога ВМРО - ДПМНЕ ќе гласа. Дури може сега да ја потпишеме со одложено дејство и таа да влезе во сила дента кога ВМРО - ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени“, рече Османи.
Видете и ова: Собранието ја отвори вратата за уставни измениПартиски препукувања за уставните измени
На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска изјави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е под заложништво на Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев, продолжувајќи да дејствува на штета на државните и национални интереси.
Кузеска рече дека во 32-годишната независност, Мицкоски е единствениот политичар кој упорно тврди дека европската агенда не е иста со македонската агенда.
„Христијан Мицкоски совршено добро знае дека за продолжување на европскиот пат на државата потребно е усвојување на уставните измени, кои се дел од преговарачка рамка, усогласена меѓу 27 земји членки на ЕУ и прифатена од македонското собрание од политичари од различни политички партии. Предложените уставни амандамни не задираат во ниту едно идентитетско прашање, се работи за техничка измена на Уставот со која покрај постојните делови од народи кои се вклучени во Преамбулата се додаваат и делови од други народи кои до сега не биле дел од Преамбулата и истовремено се задржува примарната уставотворност на македонскиот народ“, изјави Кузеска.
Видете и ова: Опозицијата повторно побара предвремени избори, Џафери порача да поднесат предлог во СобраниеОд ВМРО - ДПМНЕ велат дека над 80% од граѓаните се против уставните измени под бугарски диктат и условувања. За опозициската партија, СДСМ оди спротивно на волјата на огромното мнозинство на граѓаните и затоа бегаат од избори.
„Ниту обезбедија гаранции од нови апсурдни пречки на евроинтегративниот пат, ниту обезбедија историските прашања да бидат надвор од рамката, ниту овозможија Македонија да има фер шанса како и сите други земји преку исполнување на Копенхашките критериуми да го оди европскиот пат. Затоа удрија во ѕид. Двотретинско мнозинство немаат. Ги повикуваме да си ги скратат маките и да ги стават предлог измените на гласање. Тука нека заврши нивната агонија, а потоа на избори граѓаните нека одлучат чиј концепт ќе го поддржат“, се вели во соопштението на ВМР0 - ДПМНЕ.