Руското Министерство за одбрана на 28 јули соопшти дека е одбиен напад со дронови врз „мети во московскиот регион“ што се случи во текот на ноќта. Министерството во соопштението наведува дека дронот бил уништен од противвоздушни сили. Точната локација на која дронот е соборен од противвоздушни сили не е наведена.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на каналот Телеграм изјави дека обидот за напад врз Москва се случил во текот на ноќта и дека нема штети или жртви, јавува Радио Слободна Европа на англиски јазик.
Украинската страна не ја коментираше изјавата на руските власти.
Ова не е прв напад со дрон врз Москва. Утрото на 24 јули, беспилотни летала ги нападнаа Москва и украинскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година. Тогаш беспилотно летало удри во складиште за муниција во близина на Џанкој, од каде беше евакуирано населението од неколку соседни села. И патот е блокиран за сообраќај.
Во Москва, еден од двата беспилотни летала кои удриле во згради паднал во близина на воениот објект Комсомолски проспект.
Пред тоа, на 30 мај, 25 дронови ја нападнаа Москва, повеќето од нив беа соборени во московскиот регион. Но, два дрона погодија станбени згради, предизвикувајќи штета на неколку згради, како што изјави тогаш градоначалникот Собјанин.