„Ерата на затоплување на климата заврши и дојде ерата на вриење на планетата“, рече генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и нагласи дека овогодинешниот јули ќе биде најтоплиот месец откако е измерена температурата.
„Не треба да чекаме до крајот на месецот за да знаеме, освен ако нема мини ледено доба во следните неколку дена, јули 2023 година ќе ги собори сите рекорди“, им рече Гутереш на новинарите.
Гутереш вели дека климатските промени се тука и се страшни и дека тоа е само почеток.
Видете и ова: ОН- Климатските промени носат „застрашувачка иднина“Тој оцени дека ова лето е брутално за големи делови од Северна Америка, Азија, Африка и Европа и дека е „катастрофа“ за целата планета.
Гутереш додаде дека научниците недвосмислено веруваат дека човештвото е одговорно за тоа и рече дека единственото изненадување е големата брзина на промените.
„Последиците се јасни и трагични: деца однесени од монсунските дождови, семејства кои бегаат од пожарите, работници кои се онесвестуваат под жешкото време“, рече шефот на ОН.
Тој ги повтори своите постојани повици за радикална и итна акција и уште еднаш остро го критикуваше секторот за производство на фосилни горива.