Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека гласањето за уставните измени би можело да се одложи ако не се обезбеди потребното мнозинство од 80 гласа.
Џафери објаснува дека чинот на гласање не е врзан со последниот ден и дека тоа го предвидува и Деловникот и праксата.
„Чинот на гласањето не е врзан за последниот ден. Тоа го предвидува и Деловникот и го покажала праксата од слични иницијативи за уставни измени затоа што Собранието одлучува доколку има потребно мнозинство за одлучување. Во тие рамки не можам да претпоставам што ќе се случува“, изјави собранискиот спикер.
Видете и ова: Собранието ја отвори вратата за уставни измениЏафери вели дека ако не се гласа за уставни измени тоа не е предуслов да се оди на избори. Тој повтори дека на предвремени избори ќе се оди ако има мнозинство за распуштање на Собранието.
Расправата на пленарна седница за Уставни измени ќе почне на 18-ти август. Како што објасни Џафери, таа во принцип трае 10 работни дена.
Според претседателот на законодавниот дом, понатаму сѐ ќе зависи од моменталната состојба, односно дали ќе се обезбеди двотретинско мнозинство.