Сингапур во петок, 28јули треба да погуби жена за прв пат по речиси 20 години, што е една од двете планирани егзекуции за оваа недела, пишува The Guardian.
Сингапурката Саридеви Џамани беше осудена на смрт во 2018 година, откако беше прогласена за виновна за поседување околу 30 грама хероин, за кој полицијата рече дека планирала да го продаде.
Ако тоа се случи, активистите велат дека таа ќе биде првата жена што ќе биде погубена во Сингапур од 2004 година кога Јен Меј Воен, 36-годишна фризерка, беше обесена поради трговија со дрога.
Денеска исто така треба да биде погубен Мохд Азиз бин Хусеин, 56-годишен Малаец осуден на смрт во 2018 година, откако беше прогласен за виновен за трговија со приближно 50 грама хероин.
Сингапур има некои од најстрогите закони за дроги во светот и е под меѓународна критика во последниве години за егзекуција на затвореници осудени за прекршоци за дрога.
Видете и ова: По неколкумесечна пауза, повторно погубување со инјекција во АлабамаКирстен Хан, новинарка и активистка која поминала една деценија во кампања против смртната казна вели дека Џамани е една од двете жени осудени на смрт во Сингапур.
„Откако ги исцрпи своите жалби, беше само прашање на време кога ќе добие известување за егзекуција. На властите не им е гајле што повеќето осуденици на смрт доаѓаат од маргинализирани и ранливи групи. Осудените на смрт се оние кои се сметаат за непожелни и од нарко-картелите и од државата Сингапур. Ова не е нешто со што Сингапурците треба да се гордеат“, вели Хан.
Владата тврди дека смртната казна е ефективна алатка во борбата против дрогата во таа земја, дека ја одржува земјата безбедна и дека има широка јавна поддршка. Тврдат и дека нивните судења се фер.
Истражувањето на Амнести интернешенел покажа дека Сингапур е една од неколкуте земји кои егзекутирале луѓе за злосторства поврзани со дрога во изминатата година, заедно со Кина, Саудиска Арабија и Иран.