Кремљ соопшти дека помалку од една третина од поканетите претседатели ќе присуствуваат на самитот Русија-Африка во Санкт Петербург на 27 и 28 јули.
Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, на 26 јули изјави дека од 54 африкански делегации поканети на самитот, само 17 ќе бидат предводени од претседатели. Покрај тоа, 10 ќе бидат предводени од премиери, додека останатите ќе бидат предводени од помалку високи функционери.
Видете и ова: Средба на министрите за земјоделство на ЕУ за извоз на жито од УкраинаПет земји засега одбија да учествуваат на настанот. На првиот ваков самит одржан во 2019 година во црноморскиот туристички град Сочи, 45 африкански делегации беа предводени од претседатели или премиери.