Пожарите кои беснеат во различни делови на Грција беа ставени под контрола на 26 јули, објавија грчките медиуми. Но, очекувањата се дека температурата ќе порасне до 47целзиусов степен па опасноста од пожари и натаму е исклучително висока, предупредува грчката цивилната одбрана и метеоролошката управа.
Од 12 јули избувнаа околу 500 поголеми и помали пожари низ Грција од 12 јули.
Видете и ова: На островот Родос прогласена вонредна состојбаВо изминатите неколку часа, грчката противпожарна бригада и илјадници доброволци успеаја да го спасат популарното село Генади на југоисточниот дел на островот Родос. На Крф има само расфрлани огнени џебови, со кои пожарникарите полесно се справуваат.
Денеска на островорот Родос беше прогласена вонредна состојба поради пожарите што деветти ден се активни на Родос и предизвикаа огромна материјална штета.
Видете и ова: Се урна авион кој гаснеше шумски пожари во Грција, загинаа пилотитеГрција во голема мера се потпира на туризмот, а Родос, еден од нејзините најголеми острови, е меѓу нејзините најдобри летни дестинации, привлекувајќи околу 1,5 милиони странски туристи во летните месеци. Околу 3 000 туристи го напуштија Родос до вторник.
Шумските пожари во Грција се вообичаени во текот на летото, но пожешките, посувите и ветровитите услови како резултат на климатските промени ја претворија земјата во медитеранско жариште во последниве години.