Меѓународниот олимписки комитет (MОК) официјално покани 203 земји да се натпреваруваат на летните олимписки игри во Париз во 2024 година. Од листата се исклучени Русија и Белорусија.
Говорејќи на церемонијата по повод една година до почетокот на Летните игри 2024 година, претседателот на МОК Томас Бах на 26 јули рече дека настанот „ќе биде поинклузивен, поурбан и поодржлив“.
Прашањето за спортистите од Русија и Белорусија кои се натпреваруваат на игрите се дебатира откако Кремљ ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година.
МОК претходно објави дека ќе ја донесе својата одлука за учество на индивидуални, неутрални спортисти со руски или белоруски пасош, „во согласност со препораките за Меѓународните федерации и организаторите на меѓународни спортски настани за учество на спортисти со руски или белоруски пасош на меѓународни натпревари, во соодветно време“.
Видете и ова: Совет на Европа бара на спортисти од Русија и Белорусија да им се забрани учество на ОлимпијадатаМинатата недела Меѓународната гимнастичка федерација (МГФ) одлучи да прими руски и белоруски спортисти на натпревари под неутрален тим од 1 јануари 2024 година, додека на почетокот на овој месец Генералното собрание на Олимпискиот совет на Азија гласаше да се дозволи максимум 500 натпреварувачи од земјите да се натпреваруваат за да можат да се квалификуваат за Игрите во Париз.
Украина инсистираше на тоа дека, со оглед на руската агресија во Украина и помошта што Белорусија ја пружи во воените напори, руските и белоруските спортисти не треба да бидат присутни на меѓународните спортски арени.
Бах рече дека се продадени повеќе од 7 милиони билети за Олимписките игри во Париз, кои ќе бидат први игри со родова еднаквост, бидејќи МОК додели точно ист број места со квоти за женски и машки спортисти.
Гватемала беше исклучена од листата на поканети бидејќи моментално е суспендирана од олимпиското движење поради наводно мешање на владата во независноста на Националниот олимписки комитет.