Жителите на липковско Слупчане повторно не им дозволиле на екипите на ЕВН да работат на мрежата, соопштија денеска од ЕВН. Оттаму велат дека продолжува отпорот на мештаните од Слупчане кои денеска на екипите на ЕВН не им дозволиле да работат. На терен била присутна и полицијата.
ЕВН до медиумите ги испрати и барањата на жителите на ова село. Тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3 000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања.
Од ЕВН велат дека барањата се спротивни на законските регулативи.
Видете и ова: Дефектот во Слупчане ќе се санира, Бектеши порача дека секој мора да плаќа струјаПред околу три недели мештаните ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.
Загубите во Слупчане се 80 проценти, а наплатата е 20 отсто, велат од ЕВН.