Кина го разреши министерот за надворешни работи Чин Ганг

Разрешениот кинески министер за надворешни работи Чин Ганг.

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска е разрешен од функцијата, објавија кинеските државни медиуми.

Во соопштението на 25 јули, државните медиуми не наведоа причина за смената на Чин, но тоа доаѓа откако тој еден месец не се појавуваше во јавноста.

На негово место доаѓа неговиот претходник Ванг Ји.

Чин, кој има 57 години, според кинеското Министерство за надворешни работи не доаѓал на работа поради неодредени здравствени причини.

Видете и ова: Блинкен во Пекинг со мисија да ги смири тензиите меѓу САД и Кина

Министерството во својот редовен дневен брифинг на 25 јули не даде коментар за разрешувањето.

Потегот за смета на Чин доаѓа во време на странска реакција против сè поагресивната надворешна политика на Кина, чиј главен поборник беше тој.