Израелската полиција се судри со толпата демонстранти доцна на 24 јули, откако парламентот го усвои контроверзниот закон со кој се ограничуваат овластувањата на Врховниот суд.
Оваа мерка која е дел од големиот реформски пакет ќе го спречи судот да ги отфрли владините постапки што ги смета за неразумни.
Полицијата во Ерусалим и Тел Авив употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои ги блокираа автопатиштата, пишува Би-Би-Си.
По неколкумесечни масовни улични протести поради реформите во судството, гласањето во понеделникот во Кнесетот (парламентот) беше важна победа за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Но, битката не е завршена и може да трае со месеци.
Политичката набљудувачка група и водачот на центристичката опозиција Јаир Лапид планираат да поднесат петиција до Врховниот суд за укинување на новиот закон.
Понатаму, израелската синдикална конфедерација Хистадрут се закани со генерален штрајк, а илјадници воени резервисти, вклучително и пилоти на воздухопловните сили, ветија дека нема да се пријават на должност доколку законот стапи на сила.
Видете и ова: Израелскиот парламент ги изгласа измените во судството кои предизвикаа повеќемесечни протестиЗа земја која се гордее со својата способност брзо да одговори на секаков вид закана, фактот дека самата безбедност на Израел може да биде загрозена е вистинска загриженост. Нетанјаху инсистираше на тоа дека законот е неопходен за владата „да ја спроведе политиката во согласност со одлуката на мнозинството граѓани на земјата“.
Но, тој рече дека е подготвен да ги продолжи разговорите со опозицијата, дури и до ноември, за да се постигне сеопфатен договор.
Планираните реформи предизвикаа некои од најголемите протести во историјата на Израел. Најмалку 22 лица се уапсени во понеделникот, соопшти полицијата. Противниците стравуваат дека промените би можеле да го поткопаат демократскиот систем на земјата, ставајќи ја на авторитарна територија.
Тие се загрижени дека националистичките и ултраортодоксните верски партии кои се во сојуз со Нетанјаху ќе можат да ја обликуваат политиката со неконтролирана моќ. Сепак, владата тврди дека реформите се неопходни за да се поправи нерамнотежата на моќта поради која судовите се повеќе интервенираат во политичките одлуки.